Судење за Алмир - жалбата пристигна во Апелација

Во Апелациониот суд пристигнала жалбата од странките за случајот со Алмир Алиу, дознава Алсат-М.

Во наредните денови, се очекува советот на судии да закаже јавна расправа за да ги разгледа жалбите за судскиот исход. По повторно судење од Апелациониот суд, судијката Маја Денкоска од кумановскиот Основен суд, ја одреди истата казна како во првостепениот случај, при што Бобан Илиќ е осуден на 6 години затвор, а Седат Алиу, Абдула Алиу и Сами Демири на 6-9 месеци ефективен затвор.

Жалбата ја врати првата пресуда на повторно судење бидејќи невропсихијатриското  вештачење било направено од експерт без лиценца и изоставување на очевидци од судењето.

 
 

 

 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега