Студент во Русија пукал на соучениците- кога пристигнала полицијата си пресудил и себе си

Рано утринава најмалку едно лице е убиено, а три се повредени, откако 19- годишен студент пукал на своите другари, а потоа се самоубил на факултет во рускиот град Благовештен.

Вооружениот напаѓач отворил оган во својот клас. Тешко повредил неколку лица, а една од жртвите им подлегнала на повредите. Кога полицијата стигнала, напаѓачот одбил да се предаде на полицијата и го свртел пиштолот кон себе.

„Телата на две лица, меѓу кои и на напаѓачот се најдени на  местото на настанот. Уште тројца се повредени / Помеѓу повредените има и двајца тинејџери“ рекол локалниот министер за здравје.

Полицијата е се уште на местото на злосторетвото.

Неофицијално, момчето го напуштило часот бидејќи доцнело, па подоцна се вратило со оружје и почнало да пука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега