Студент покажа дека читалната е во очајна состојба, но не се надеваше на вакви реакции (фото)

Еден студент сакал да покаже во каква состјба е читалната на Филозофскиот факултет во Никшичко, но не очекувал да наиде на ваква реакција.

Фотографиите биле испратени до Фејсук страната „Подгорички времеплов“, а на нив се гледа излупени ѕидови под прозорецот и радијаторите.

Иако најверојатно се надевал дека со фотографиите ќе промени нешто, наиде на сосема поинакви реакции.

„Ни Никола Тесла немал подобри услови, па види што направи“ напишал еден корисник.

„Не с*ри, туку книгата во раце и учи. Некој во соба со полоши услови од ова одгледуваат деца“ гласел друг коментар под фотографиите.

Имало и такви кои се сложиле со него дека ова е срамота за 21 век, но повеќето коментари биле дека постојат и полоши ситуации.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега