Студеното време убива во регионот - ја зема и четвртата жртва, маж со денови лежел замрзнат во снегот

Во селото Изумно кај Врањска Бања вчера било пронајдено безживотно тело на 55-годишен маж, а се верува дека паднал во снег и починал.

Според неофицијални информации починал од последица од замрзнување.

Мажит живеел сам во селото, а посто можност и дека поминале неколку денови пред да биде пронајден.

Ова е четврта жртва на смрзнување во Србија откако почнала зимата. Во средината на декември телото на 48-годишниот Мирослав Добиќ беше пронајдено во снегот кај Сремска Митровица. Уште една трагедија се случи во општината Шид, каде беше пронајдено телото на Младен Котарлиќ стар околу 61 година. После увидот било утврдено дека смртта настапила поради замрзнување.

Од замрзнување починала и 71-годишна жена од Пријепоље, која во вторникот била пронајдена покрај патот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега