Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави последните податоци за температурите на воздухот измерени во 14 часот низ мерните станици во државата.
Според официјалната табела на УХМР, највисока температура во 14:00 часот е измерена во Струмица и изнесува 17.7 степени. Веднаш зад неа се Гевгелија со 17.0 и Демир Капија со 16.9 степени.
Во Велес се измерени 16.0 степени, во Кавадарци 15.8, Виница 15.4, а во Штип 15.1 степен.
Во главниот град Скопје, односно на мерната станица Зајчев Рид, температурата изнесувала 10.6 степени. Со иста температура од 10.6 степени се и Куманово и Берово.
Во останатите градови температурите се движат од 13.7 степени во Битола, 13.6 во Тетово, 13.2 во Охрид, па сè до 10.3 степени во Прилеп.
Најстудено е на планинските мерни места и повисоките предели. На Попова Шапка се измерени 1.4 степени, во Маврови Анови 5.4, а во Крушево 7.1 степен.


