Студен туш од Јанев: Бугарија нема да ја одобри преговарачката рамка за Македонија

Бугарија пресече, идната недела нема да даде зелено светло за Македонија за старт на преговорите со ЕУ. Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев во интервју за бугарската национална телевизија рече дека Софија нема да ја одобри преговарачката рамка за земјава како што е сега.

-Не. Нема да ја одобри бидејќи во моментов нашите услови се под покровителство и решението на рамката дадена во Собранието. Техничката Влада не е во позиција да направи таков чекор во таа насока. Дополнително, немаме време да коментираме, но таа позиција е постојана, повеќепати повторувана и таа се решава на политички дијалог меѓу двете земји, рече Јанев.

Изјавата на Јанев доаѓа на неполни 24 часа пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворшени работи Бујар Османи на Софија, каде токму со Јанев, но и со претседателот на Бугарија Румен Радев треба да разговараат дали е можно Бугарија на самитот на ЕУ идната недела да ја крене рампата за земјава.

 

16.06.2021 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа