Студен туш од Атина за српските туристи: Нема влез во Грција пред 1. јули

Грција ќе мора да ги следи препораките на ЕУ за отворање на границите за трети земји. Тоа, исто така се однесува на патници од Србија. Овие туристи ќе можат да влезат во земјите на ЕУ од 1. јули.

Вака гласи соопштението кое денеска попладне го добија српските туристички агенции.

-Дефинитивно до 1. јули српските туристи нема да може да влезат на грчка територија, сите сме зачудени и ги молиме туристите за трпение, вели Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација ЈУТА.

Според српските медиуми, контактите меѓу Владата на Србија и Грција и натаму траат, и засега нема нови информации.

-Српските туристи кои се упатија кон Грција во меѓувреме ги пречека одлуката на грчките власти дека тоа ќе биде можно дури од 1. јули, главно на тој пат тргнале самостојно, во сопствена режија и меѓу нив нема патници кои во Грција тргнале преку туристички агенции, изјави Сеничиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега