Студен бран во Македонија: Зимски утра, а од вторник врнежи

Во текот на денешниот ден се очекува постепено намалување на облачноста и разведрување како и да престанат врнежите насекаде. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 14 до 23 степени, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Особено студено и зимско утро ќе имаме утре, кога поради разведрувањето, но и под влијание на студената воздушна маса од север, минималните температури ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината и ќе се спуштат во интервалот од 0 до 10 степени.

За време на викендот кој ни претстои ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Наутро и понатаму ќе биде доста студено, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, што значи ќе бележат тенденција на пораст.

Нов бран на врнежи како и локална појава на грмежи ќе има во вторник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега