Македонија се подготвува за нов бран на студено време и врнежи од снег кои се очекуваат кон средината на претстојната недела. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утрешниот ден ќе започне со студено утро, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер.
Вистинската промена на времето пристигнува во вторник.
„Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег“. Во овој период температурите ќе се движат од минимални -10°C до максимални 7°C во вторник, додека во среда дневниот максимум ќе достигне 6°C.
Од четврток се очекува стабилизација, но со услови за магла по котлините. „Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла“. Температурите во втората половина од неделата во благ пораст, со дневни максимуми до 10°C во сабота.

