Вчера во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ -Охрид е пријавено дека И.М.( 31) од Струга, при риболов со харпун во водите на Охридското езеро во близина на автокамп на охридското крајбрежје, сам се повредил.

По преземени мерки, полициските службеници го пронајдоа повредениот, по што со возило на Итната медицинска помош е пренесен и здржан во Општата болница во Струга.

По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Exit mobile version