Струшките пожарникари добија дрон и професионални униформи како донација

Професионални униформи, алати, апарати за гаснење пожари и дрон се дел од донацијата на Територијалната против пожарна единица во Струга, што ја доби од УНДП и Швајцарска агенција за развој во рамките на проектите „Постковид – општините како двигатели на одржлив развој“ и „Зајакнување на општинските совети“.

Командирот на ТППЕ Струга, Фети Мазари информира дека добиле комплетна опрема за технички интервенции за 22-ца пожарникари, како и алат и дрон за гасење шумски пожари, компресор за полнење на дишни апарати.

– Новата опрема ќе овозможи подобри услови за работа на струшките пожарникари, а со тоа и побрзи интервенции. Дронот ќе помогне во брза детекција на локацијата на пожарот, пристапноста на теренот, што ќе овозможи побрз пристап и реакција од страна на пожарникарите, истакна Мазари.

Додаде дека ова е дополнителна подготовка за престојаната летна сезона кога пожарите се поактивни, а пожарникарите се секогаш спремни за извршување на задачите на терен за посигурен и побезбеден град и граѓани.

10.05.2022 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа