Стравична сцена во Нов Зеланд: Вулкан еруптирал додека туристи биле на кратерот - 100 луѓе исчезнале

Едно лице загина, а неколку се водат како исчезнати, во ерупцијата на вулканот на новзеландскиот Бел остров, соопштиле надлежните.

Ерупцијата на вулканот се случила додека во кратерот имало туристи. Поедини светски медиуми пренесуваат дека околу 100 луѓе наводно се водат како исчезнати.

Како што е наведено, најмалку 20 лица се повредени кога вулканот почнал да фрла пепел на тоа популарно туристичко место.

Станува збор за популарното туристичко место, а новзеландските власти стравуваат дека бројот на мртви може да се зголеми.

„Некои од туристите биле на крајбрежјето, а меѓу нив најмалку едно лице е во критична состојба“, соопштиле од полицијата.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн вели дека се верува дека во моментот на ерупцијата околу островот имало 100 луѓе, додека полицијата истакнала дека имало помалку од 50.

Околу вулканот е воспоставена зона во која не е дозволено летање.

Властите издале национално предупредување поради умерената вулканска ерупција, додека опасност е прогласена во непосредна близина на вулканот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега