Страшно убиство во регионот:Ги затекнал голи во собата сопругата и нејзиниот љубовник, ја зел секирата и ножот и почнал да ги касапи

Врховниот суд на Република Српска ја потврди пресудата на Алија Хрустиќ од Приједор и го осуди на 30 години затвор поради убиство на сопругата Азра и нејзиниот љубовник Енвер, откако ги затекнал заедно во кревет, па ги убил со 54 убоди од нож и секира.

Пресудата е изречена откако Врховниот уд во третосепена постапка ги одби жабите на одбраната.

Страшното злодело се случило на 27 мај во 2017 година во куќа во која Азра работела како помошничка. Во пресудата се вели дека кобиот ден Хрустиќ дошол во куќата да го побара својот малолетен син.

Кога во дворот го забележал автомобилот на Енвер од својот автомобил зел секира и нож и влегол внатре. Во собата ги затекнал сопругата и љубовникот голи и веднаш ги нападнал со ножот и секирата, удирал додека не ги убил- се наведува во пресудата.

Колку било монстуозно ова убиство, сведочи и ножот кој бил зариен во половиот орган на неговата сопруга. 

Вештачењето утврдило дека тие биле убиени со 54 убоди од нож и секирата, на која од силните удари и пикнала и рачката.

После злосторството тој се обидел да се обеси, но го спречил неговиот син, па потоа самиот се предал во полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега