Страшно невреме ги зафати Австрија и Словенија: Поројни дождови и град со големнина на јаболко (ВИДЕО)

 

Необично силна бура погоди делови од Австрија. а потоа и Словенија, каде на повеќе места е регистрирана значајна штета.

Според тамошните медиуми, забележани се локални поплави, а некаде имало и појава на град со големенина на јаболко.

Поради силните налети на невремето, возачи кои се нашле на патиштата, барале засолниште под надвозниците.

Според претходните информации, најголема штета е пријавена во подрачјето Домјале, каде пожарникарите биле преплавени со повици за помош.

Како што објави словенечкиот метеоролошки институт, невремето е дел од студениот фронт што се движи источно од Централна Европа, а со тоа, покрај обилниот дожд и повремен град, носи и бурен ветер.

Невремето ја погоди и Стирија, каде молња беснееше цела ноќ, а градот направи голема штета. Забележани се околу 33.000 гром удари, а 850 пожарникари биле на терен.

Неколку места останале без струја, а од силниот град оштетени се кровови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега