Страшна трагедија: Бремена невеста не успеала да стигне до олатрот , бебето го спасиле со царски рез

Страшна трагедија се случи на свадба во Бразил, кога младоженецот останал да ја чека невестата на олтарот , се додека не разбрал дека таа починала од мозочен удар на влезот во црквата.

Медицинската сестра Џесика Гуедес била шести месец бремена и наизглед здрава , кога во лимузина тргнала кон црквата во Сао Паоло , каде што ја чекал нејзиниот вереник и сите роднини и гости. Нејзиното семејстов прво помислило дека има трема пред венчавката , но таа наеднаш почуствувала вртоглавица и болка во вратот. Не биле свесни дека има прееклампсија , од која наскоро ќе почине. Набргу откако , наместо во црквата , ја однеле во болницата , несреќната невеста била прогласена за мртва. Нејзиниот вереник , пожарникарот , Флавио Гонзалвес , кој веќе чекал пред олтарот бил зачуден зошто толку доцни неговата невеста.

„Бев загрижена затоа што ја чекав пред олтарот и многу време помина. Нејзиниот братучед дојде трчајќи и ми рече дека се онесвестила“, изјавила младоженецот за бразилскиот магазин „Кресер“.

"Ја отворив вратата од автомобилот и таа лежеше, а во еден момент кога се освести и реков: Најмила , тука сум", рече Флавио, кој се обидел да и даде прва помош на вереницата.

Таа му рече дека сè е добро, но дека има силна болка во грбот и вратот. 30-годишната жена веднаш била пренесена во болница, а според медицинскиот извештај, претрпела мозочен удар поради прееклампсија и внатрешно крварење што значи дека хирурзите биле принудени да ја отстранат матката.

Со оглед на сериозноста на случајот, медицински тим извршил итен царски рез за да го спаси животот на бебето старо 29-недели, но таа починала по операцијата.

Бебето Софија е родена со тежина од  930 грама и 34 см должина, е во инкубатор и веројатно ќе остане во болницата најмалку два месеци.

Снимката од последните моменти на невестата ја покажува како среќно мавта пред камерата на денот кој требаше да биде еден од најсреќните во нејзиниот живот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега