Вчера во 14:15 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Лазар Трповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(40) од с.Матејче, липковско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(20) од Скопје. 

Во несреќата е оштетено и паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.А.(49) од с.Глуво, скопско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.С., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобил негов сопатник, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Exit mobile version