Страшна сообраќајка синоќа во Куманово: 19 годишно момче со џип се судри со полициски автомобил

Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.

Во СВР Куманово вчера во 21.50 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И. од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.

– Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово – соопшти полцијата.

06.02.2023 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега