Страшна смрт: Пристигнаа првите резултати од обдукцијата на телото на српскиот рапер Гру

Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина вчера во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при параглајдерство паднал во вода.

Според првите резултати на обдукцијата, раперот се удавил во Дунав бидејќи претходно се здобил со повреди на кичмата.

Телото на раперот неколку часа било во чамецот на брегот, а полицијата направила увид.

Тој зад себе ја остави сопругата Даница и две деца, синовите Вук и Реља.

Очевидци раскажаа дека несреќа се случила многу брзо. Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.

Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе, готов беше уште тогаш, раскажува сведокот додавајќи дека раперот бил одличен возач.

Телото на раперот било извлечено од водата од страна на неговите пријатели. Тие со часови го чувале додека траел полицискиот увид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега