Страшна сцена на карневалот во Германија - автомобил влета меѓу луѓето, 15 повредени

Сребрен „мерцедес“ влетал кон маса луѓе на парадата во централниот германски град Фолксмарсен во понеделникот, повредувајќи 15 лица.

Инцидентот се случил во околу 14:30 часот по локално време за време на карневалската поворка во градот, кога сребреното возило влетало меѓу луѓето, пренесуваат германските медиуми.

Додека полицијата води истрага за инцидентот, останува непознато дали мажот намерно влетал во масата. Истовремено, германските медиуми пишуваат, повикувајчи се на сведоци, дека возачот пред се целе кон деца и дека се движел некои 30 метри во масата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега