Страшна несреќа во Македонија - Се искршија четири возила

Во 20.10 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот  Ј.З. од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.К. од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од  50-годишниот В.Т. од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски  регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот И.И.Р. од Петрич, Република Бугарија.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Додека, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Форд Фокус“ и сопатникот во истото возило, С.В.(55) од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега