Страшна несреќа во Крушевац: Маж загина, трудница тешко повредена, породена со царски рез

Едно лице загина, а повеќе луѓе се повредени во сообраќајна несреќа на патот Крушевац-Копаоник.

Дваесет и шест годишен маж загина, а 25-годишна жена во поодмината бременост е тешко повредена, во сообраќајката која се случи утринава.

Бремената жена веднаш е породена со царски рез.

-Бебето е во стабилна состојба и на педијатрија ја надгледуваат неговата состојба, додека мајката е префрлена на Одделението за хирургија - велат од болницата во Крушевац.

Во автомобилот од марката „фијат“ кој се судрил со автобус имало 4 лица, две жени и двајца мажи. Другите двајца патници се лесно повредени, од кои еден со повреди на вратот и главата. Од автобусот само еден патник е лесно повреден.

До судир дошло кога автобус се излизгал на патот, преминал во спротивна коловозна трака каде се судрил со патничкото возило и продолжил да се движи на замрзнатиот пат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега