Страшна несреќа кај Момин Поток - Двајца на Ургентен

Во 13 часот и 15 минути на улицата „1506“ во Скопје, на место викано „Момин Поток“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот В.Х. од Скопје и патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Т.А. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А. додека В.Х. се здобил со телесни повреди.

На двајцата им била укажана лекарска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега