Страшна несреќа ги запре плановите за венчавка: Ова е свршеникот на трагичо загинатата Мина (фото)

 

Во авионската несреќа која вчера се случи во Иран, животот го изгуби Мина Басаран, богата наследничка на семејството Басаран и ќерка на тајкунот Хусеин Басаран.

Таа кон средината на наредниот месец требаше да се омажи за Мурат Гезер, успешен бизнисмен, исто така од Истанбул.

Турскиот печат често пишувал за Мина и нејзиниот свршеник Мурат, бидејќи двајцата биле млади, богати и многу успешни во своите работи, а биле и познати лица на турскиот џет сет.

Така било и во октомври минатата година кога е организирана голема забава во хотелот Сохо Хаус во Истанбул, кога парот се свршил. Требаше да се венчаат на 14 април годинава.

Мурат Гезер е сопственик на компанијата „Метпринт Принтинг Системс“ која се занимава со дизајн и производство на метална амбалажа, а работи ширум Европа, Блискиот Исток и Африка.

Гезер течно зборува англиски и германски јазик, а студирал на американскиот Универзитет Интер Континентал.

Трагичната несреќа која се случи блзиу техеран, ги прекина сите палнови на малдиот апр за заеднички живот.

 

 

 

12.03.2018 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа