Страшна исповед на манекенка која била дел од харемот на Кашоги: Со крв ми пишуваше дека ме сака

Џил Дод во 80-тите години била успешен модел, а потоа запознала 24 години постар маж. По оваа средба, нејзиниот живот тргнал во друга насока. Живеела во неговиот харем.

-На 20 години потпишав договор со престижна модна агенција. Почнав да добивам ангажмани во Франција, во Париз снимав едиторијали за “Vogue”. Бев млада, наивна и опиена од успех кога во Кан запознав млад, проќелав, буцкаст, но шармантен господин. Дури потоа сфатив дека тоа е Аднан Кашоги, кој заработил милијарди од препродажба на оружје, пишува во контроверзната книга на 58-годишната Џил.

Се почнало кога Аднан ја повикал на танц.

-Наеднаш го зграби столчето, го сврте и го фрли во огнот. Го направив истото што и тој. Се смеевме. Тогаш, без никакво предупредување, ме фати за рака и на надлактицата со крв ми напиша – “те сакам”, пишува поранешната манекенка.

Следниот ден ја поканил на својата 280 метри долга јахта, на која се снимал еден од филмовите за Џејмс Бонд.

-Кога со пријателката дојдов на јахтата, Аднан не одведе до огромен ормар кој беше преполн со дизајнерска облека и можевме да бираме што сакаме. Разговаравме до пет часот наутро и јас се заљубив во него, напишала Џил.

Шеикот бил оженет и имал пет деца, но имал право на 12 сопруги за задоволство. Многу брзо Џил станала дел од неговиот харем. Живеела заробена во неговите луксузни одаи во Саудиска Арабија и чекала да дојде на ред за сексуални односи со милијардерот.

Со Аднан медиумите поврзувале многу светски ѕвезди. Во негово друштво уживале Џоан Колинс, Џеки Кенеди, Лајза Минели, Фара Фосет, а Синатра му бил еден од подобрите пријатели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега