Страшна експлозија во Русија: Пламен и час се издигнаа над градот (ВИДЕО)

Најмалку 12 лица се повредени во експлозијата на бензинска пумпа во Волгоград во југоисточниот дел на Русија.

Снимката која ја направи очевидец прикажува „атомска печурка“ на пламен откако експлодирал резервоар полн со гориво.

Како што соопштија од Министерството за вонредни ситуации, пожарот бил пријавен во 12:40 часот по локално време.

Руските власти истражуваат која е причината за пожарот и експлозијата која можела да се види од секој дел на градот. Меѓу 12-те повредени бил и припадник на Министерството за вонредни ситуации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа