Страотна сообраќајка во Македонија: Возач почина на лице место

Нова сообраќајка со човечка жртва ја потресе Македонија вечерва откако товарно возило излета од пат.

Курир информира дека во 18 часот и 48 минути пријавена е сообраќајна незгода во селото Дрма, на регионален пат помеѓу село Идризово и село Петровец, каде товарно возило ДАФ со скопски таблички излетало од коловозот, а на лице место починал 36-годишниот Д.Т. од Ражаничино.

По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега