Страотна сообраќајка на патот Тетово-Јажинце

Двајца тешко повредени во несреќа која се случила вчера на патот Тетово-Јажинце.

Во 01,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Ф.Е. од село Пршовце и патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната М.Т. од селото Пршовце.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил Ф.Е. а со телесни повреди се здобила М.Т. по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега