Странски платеници ги потикнуваат безредијата во Турција

Разузнавачката служба во Турција објави дека протестите во земјата се дело на провокатори меѓу кои има и странци и дека истите може да завршат и со смрт на учесниците. Според весникот „Јени шафак“, податоците на до кои дошле властите од направените снимки на немирите, биле откриени мноштво на турски екстремисти меѓу кои имало и странски платеници. 

Во немирите имало од 750 до 1000 лица агенти кои се платени од странски разузнавачки служби. Меѓу нив има многу странски државјани. 

Овие луѓе се професионални провокатори, кои имаат стекнато сериозна теоретска подготовка, тие раководат со нападите против полицијата, тврди „Јени шафак“.

Според весникот, значителен дел од провокаторите доаѓаат од маргинални левичарски организации.

Протестите во Анкара покажаа дека провокаторите дејствуваат професионално, пишува уште весникот.

најчитано сега