Стопанска комора на северозападна Македонија: Поскоро да се формира владата, а економијата да биде приоритет

Владата да се формира што поскоро, економијата да биде приоритет, а во советодавниот тим да бидат вклучени аполитични експерти кои ќе имаат постојана комуникација и консултации со бизнисот, апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Според Комората, поради КОВИД-19 економијата во земјава минува низ длабока криза со која никогаш се немаат соочено ниту компаниите, ниту државните институции. Формирањето на новата влада и целосното функционирање на институциите е неопходно за да се санираат предизвиканите штети и да се проектираат натамошните чекори за тоа како ќе се развиваат процесите и програмите за закрепнување на економијата, која е една од главните столбови на државата.

– Имајќи го предвид фактот дека рокот истекува, апелираме до политичките партии што поскоро да ја изразат нивната одговорност преку формирање на новата влада, давајќи им приоритет на економскиот аспект и борбата против последиците од КОВИД-19. Последиците од вирусот имаат и продолжуваат да предизвикуваат големи штети во економијата кои резултираат со банкротирање на бизнисите, отпуштања од работа и неликвидност. За да бидеме колку што е можно подготвени за можен втор бран на вирусот, потребно е Северна Македонија да им претходи со неопходни мерки на претпазливост и во случај на таквите состојби нашата земја да не се оптоварува и со формирање на владата, наведува СКСЗМ.

Комората смета дека од особено значење е во структурите на владата која ќе се формира, да бидат поставени аполитички експерти од областа на економијата, кои ќе бидат во постојана консултација со деловниот сектор и економските експерти, за, како што истакнува, процесите на одлучување и управување со економијата на земјата бидејќи во спротивно ќе има простор за неефикасна и политизирана влада. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа