Присуство на ларви, инсекти и целосно променет изглед и мирис. Ова е причината поради која инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спуштија рампа за огромна пратка на овошје наменето за македонскиот пазар.

Станува збор за вкупно 22,3 тони киви увезени од Република Србија, кои биле планирани за индустриска преработка.

Органолептичкиот преглед на самото место покажал дека овошјето е небезбедно и ризично по здравјето на граѓаните, поради што веднаш е донесена забрана за увоз.

Бидејќи пратката не можела да биде вратена назад во Србија, издадено е решение за нејзино уништување.

„На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник“, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

Exit mobile version