Столтенберг: Путин не покажа сила, туку слабост

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кажа дека вратата на НАТО е отворена, но алијансата ќе се фокусира на помош на Киев.

„Секоја држава има право да го дефинира својот статус. Вратата на НАТО е отворена, но алијансата ќе се фокусира на помош на Киев во следниот период“, кажа Столтенберг.

Столтенберг кажа дека Владимир Путин мобилизирал уште стотина илјади војници и се заканува со нуклеарна војна.

„Тоа не покажува сила, туку слабост. Тоа е признание дека војната не оди според неговите планови“, вели Столтенберг.

30.09.2022 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега