Столтенберг предупреди: Западните земји не смеат да станат зависни од Кина

 

Западните земји мора да бидат внимателни и да не создаваат нова зависност од Кина во периодот кога е отфрлено снабдувањето со руска енергија поради војната во Украина, предупреди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„ Гледаме дека Кина прави сè поголеми напори да воспостави контрола над нашата критична инфраструктура, синџири на снабдување и клучни индустриски сектори“, предупреди Столтенберг за време на посетата на Шпанија и ги повика сојузниците да ја зајакнат отпорноста на нивните земји и инфраструктура, пренесува „Ројтерс“.

Тој ги повика западните земји да не им даваат шанса на авторитарните режими да ја искористат ранливоста на Западот и да ја поткопаат.

Во својот нов стратешки концепт усвоен во јуни оваа година, НАТО ја опиша Кина како предизвик за „интересите, безбедноста и вредностите“ на алијансата како економска и воена сила.

Во претходниот стратешки документ на НАТО, кој беше усвоен во 2010 година, Кина не беше ни спомната затоа што во тоа време Западот ја сметаше земјата за обичен трговски партнер и производствена база.

21.11.2022 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега