Столтенберг: Праведно е Младиќ да одговара за злосторствата

Потврдено е дека воениот командант на армијата на Република Српска, Ратко Младиќ ќе одговара за неговите страшни злосторства врз цивили, вклучително и за убиството на илјадници Босанци и момчиња во Сребреница во 1995 година, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој ја поздрави одлуката на Меѓународниот механизам на Обединетите нации за кривични судови за потврдување на осудата за Младиќ, како што беше објавена на официјалната веб-страница на Алијансата.

 

„Праведно е Младиќ да одговара за неговите страшни злосторства врз цивили, вклучувајќи го и убиството на илјадници Босанци и момчиња во Сребреница во 1995 година“, рече Столтенберг.

Тој рече дека НАТО помогна да се стави крај на две етнички војни на Западен Балкан во 90-тите години „и да се затвори мрачното и срамно поглавје во европската историја“.

Регионот, според Столтенберг, останува стратешки важен за Алијансата.

„Ние ќе продолжиме да придонесуваме кон стабилноста и безбедноста на целиот Западен Балкан, промовирајќи мир и помирување“, заклучи Столтенберг.

08.06.2021 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега