Столтенберг: Не можам да коментирам за ЕУ, но вратата на НАТО ви е отворена

Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг денеска изјави дека не е негово да коментира за одлуката на ЕУ за датум за преговори, но она што може да го каже е дека вратата на НАТО е отворена и Алијансата и посакува добредојде на Северна Македонија, пренесе РСЕ.

Тој вели дека мнозинството земји членки го потпишале протоколот за пристапување, а тоа вчера го сторија и САД.

Според него Северна Македонија ќе придонесе за стабилноста на регионот, а тоа ќе се одрази и на економскиот просперитет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега