Столтенберг: НАТО ќе интервенира на Косово ако е потребно

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ќе има средба и со косовскиот премиер Албин Курти.

Столенберг кажа дека ќе ја набљудува ситуацијата на Косово, каде што беше напнато во претходните недели.

„Ако биде загрозена стабилноста, тогаш подготвени сме да интервенираме и да ја обезбедиме стабилноста и безбедноста на сите лица на северно Косово“, кажа Столтенберг.

17.08.2022 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа