Столе Стоилов е најдобар спортист за 2019 година

Капитенот на „Вардар“, Столе Стоилов е избран за најдобар спортист на Град Скопје за 2019 година.

Наградите беа доделени денес во Советот на Град Скопје. Освен признанието за најдобар спортист, награди им беа доделени и на најуспешните спортистки, тренер и спортска екипа на Град Скопје.

Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија беше избран за најдобар тренер, а Бесир Алили беше прогласен за најдобар младинец. Тенисерката Александра Симева беше избрана за најталентиран младинец. Ракометарот на „Вардар“, Даинис Криштопанс беше добитник на наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК „Вардар“ повторно е најдобар клуб во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега