Стојчевска: Зголемено парламентарно мнозинство ќе стави крај на блокадите од опозицијата во Собрание

Со месеци траат блокадите и опструкциите на важни закони од страна на опозицијата во Собранието. Поради неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието се заглавени закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури. Меѓу нив се измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, но и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари“, вели Стојчевска.

 

16.11.2021 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа