Стојановски: Мнозинството одби три клучни амандмани за ребалансот на Буџетот

На првиот ден од амандманската расправа мнозинството одби три клучни амандмани, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски на прес-конференција во Собранието.

-Првиот беше за намалувањето на ДДВ-то на храната од 5% на 0%, вториот беше за издвојување на средства за акцизите и ДДВ-то за намалувањето на цената на горивото и третиот е суштинскиот амандман кои што беше одбиен. Беше одбиен амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари. Ние во текот на утрото како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател на Комисијата за финансирање и буџет остваривме средба со Дарко Димовски и со делегација од Синдикатот на која што се договоривме дека особено внимание ќе посветиме на тој амандман. За жал, мнозинството го одби и тука сакам да изразам жалење зошто се случи тоа. Ние потворно ќе оствариме средба со ССМ за да ги информираме зошто нивното барање е одбиено. Јас тука сакам да кажам дека веднаш по завршувањето на таа средба со ССМ, ние нема да запреме тука и повторно комисиски ќе поднесеме амандман за да може сите врабтени во јавниот сектор да добијат по 2806 денари заради тоа што тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени, рече Стојановски.

 

20.06.2022 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега