Стојановски: Дали Ковачевски сака да си наплаќа провизии и затоа ја одбива понудата на Мицкоски?

Ако Ковачевски одбива средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да му обезбеди контакти за да може да се обезбеди двојно пониска струја за стопанството, прашањето е дали позади тоа се крие некој договор односно  со кој власта сака да си наплати провизија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

- Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ви понуди контакти за да се обезбедат суровини за производство на електрична енергија во домашните капацитети која ќе биде користена кон стопанството да користи енергија која ќе биде двојно поевтина од таа што може да се набави на референтната берза. Ако тоа го одбивате, ако добивате да се обезбеди двојно поевтина електрична енергија за стопанството, дали за тоа се крие некој договор односно некоја бонбона бизнис за да може тие суровини кои ќе ги обезбедувате да наплатите провизија? – прашува Стојаноски.

Во однос на второто прашање Стојаноски го запраша премиерот Ковачевски, зошто упорно ги одбива барањата за помош на АДКОМ - Здружението на даватели на комунални услуги во кои се вработени над 10.000 граѓани.

- Второто прашање за повикот за закон за енергетика каде ја повикавте опозицијата да гласа, со тоа што во регулираниот пазар ќе влезат здравствените установи и училиштата. Тоа и ние го баравме од вас, но вие да одговорите  зошто не одговарате на барањата на АДКОМ за да им помогнете во антикризните мерки. Во тие претпријатија работат на 10.000 граѓани, а вие знаете дека ќе треба да се качат цените заради цената на струјата. Дали планирате да ги вклучите јавните претпријатија во мерките за да го заштитите буџетот на граѓаните? – вели Стојаноски.

Стојаноски потсети дека Бучим е затворен затоа што не може да го издржи финансискиот притисок од цената на струјата, ФЕ-НИ е затворен од истите причини. Најголемите контрибутори во стопанството нема да добијат помош од владата.

- Ако сте отворени на сите понуди, дали имате намера да го повикате лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба за да ви ги даде контактите од кои ќе имаат корист граѓаните, затоа што пропаѓа стопанството, пари ќе има се помалку, граѓаните плаќаат поскапа струја и ги чека ново поскапување, изјави Стојаноски.

29.09.2022 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега