Стојаноски: Во 21 век треба да зборуваме за странски инвестиции и вработувања, не за недостаток на леб на рафтовите

 

„Нова Влада, нова владејачка коалиција, а пак стари навики и погрешни политики, вели Бојан Стојаноски“, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во текот на вчерашниот ден зголеменото мнозинство одби повеќе закони поднесени од нашата пратеничка група и коалицијата. Имено, прогресивното мнозинство гласаше против зголемување на платите на припадниците на МВР, гласаше против нашиот предлог за укинување на Законот за заменик-директорите на државни и јавни претпријатија, со цел заштеда на народните пари и нивно пренасочување за реалните проблеми на граѓаните во здравството. Пратениците од мнозинството гласаа против Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше стимулирање многудетни семејства и подобрување на и онака веќе лошата демографска слика во Република Македонија“, рече тој.

Како што вели тој, во 21 век не се зборува за странски инвестиции, вработувања, иновации и успеси, туку за немање леб по рафтовите на маркетите и трпезите на граѓаните.

„Владата на Ковачевски со своите политики буквално ги остави граѓаните без леб. Оваа таканаречена лебна криза е резултат на неспособноста на Владата да ги уреди пазарните односи, а за жал, тоа најмногу го трпат граѓаните. Но, денес би сакале да поставиме едно клучно прашање, дали и колку самата Влада ги почитува прописите што сама ги создава, односно дали се води од истите математики кога е во прашање трошењето на народните пари?“, прашува пратеникот Стојаноски.

03.03.2023 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега