Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спроведува.

„Денес имаше две добри вести од аспект на економијата. Првата е што конкретно студентите ќе можат да добијат средства за да може да набават технолошко помагало, 55.000 студенти, сите ќе добијат средства за да набават технолошко помагало, нешто што е многу позитивно и е наше ветување. Втората е  економската прогноза на Европската комисија која што ги потврдува добрите владини политики“, вели пратеникот Стојаноски и додава:

„Ние кажавме дека нашата економска филозофија ќе се темели на три столба. Првиот е реализација на капитални инвестиции, приватна потрошувачка, подигнување на животниот стандард и засилување на приватното стопанство. Европската комисија дава позитивна оценка за сите три дела, нешто што за мене е дополнителен мотив да продолжиме и понатака да работиме во оваа насока“.

Exit mobile version