Стојаноска: Повеќе од 40 дена, илјадници заразени и стотици починати и требаа на власта за да предложи некомплетно законско решение

На денешната седница на собраниската комисија каде се дискутираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека иако состојбата е алармантна на старо-новата Влада и требаа повеќе од 40 дена за да донесе некомплетно предлог законско решение, во кој период имаше илајдници заразени и стотици починати граѓани. 

-Состојбата е алармантна, ќе одам хронолошки па ќе потсетам дека старо-новата Влада се избра на 30 август оваа година што знали дека се поминати 40 дена откако профункционира оваа влада, и 40 дена и требаа за да поднесе ваков предлог закон за состојба за која вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи, а ние ве чекаме да донесете едно некомплетно предлог законско решение  –  истакна пратеничката Стојаноска.

Стојаноска вели дека конкретните амандмани се нецелосни, погрешни, небулозни, за кои требало да изгреагира законодавно-правната комисија, па по тоа власта е несериозна, а нервозниот министер не ги слуша забелешките од страна на опозицијата.

-Бројките на 30 август во однос на новозаразени чудно тој ден беа паднати од претходниот ден од 131 новозаразен, на 39 новозаразени и 4-ца починати, а вчера имавме 628 новозаразени и 15 починати лица, 40 дена и требаа на власта во кој имавме илјадници новозаразени и неколку стотици починати, за тоа опозицијата во парламентот не сноси вина, затоа што 40 дена го чекавме ова законско решение, кое дојде  на 8 октомври, а денеска сме 28 октомври за кое ви текна по 20 дена да поднесете амандмани на ова законско решение кое е итно – критикуваше Стојаноска од собраниската говорница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега