Стојаноска: Ќе ја разгледаме можноста за импичмент на Претседателот Стево Пендаровски

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во гостувањето на ТВ 24 рече дека опозицијата ќе ја разгледа можноста за импичмент на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

-Во текот на емисијата кажав дека одговорот за овој проблем  кој што е несомнено дека  ќе стане и голем  треба да се побараат или кај претседателот  или кај Уставниот суд, но по однос на ова што ме прашавте дали ќе поднесеме иницијатива за импичмент  на претседателот  секако ќе ја разгледаме, став немаме донесено, рече Дафина.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за продолжување на вонредната состојба  затоа што  голем дел од уредбите донесени од владата биле наменети за други цели и не се надминала економската и здравствената криза во државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега