Стојаноска: И да добиеме датум тој ќе биде условен, заедно со него ќе добиеме листа со приоритети

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска при своето гостување на емисијата „Само Вистина“ посочи дека и да добиеме датум тој ќе биде условен, а заедно со него ќе добиеме и листа со приоритети кои треба да се решат во државата, како што е правниот систем и борбата со корупција и криминал.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија не само што очекува туку силно се надева и силно работеше на тоа изминатиот период. Не само од кога имаме нов претседател од 2017-та година туку и наназад. Едноставно датумот за влез во ЕУ мислам дека е заслужен уште 2009-та година, појасни Стојаноска.

Taa додаде дека она за што СДСМ силно се чукаше во гради и го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ сега се поистоветува со истото.

-Датумот јас чисто се сомневам дека би бил чист. Еве и да го добиеме било каков и условен, најпрво што ќе добиеме е една листа што приоритет ќе биде правото и правниот систем, правната држава и борбата со корупција и криминалот, истакна Стојаноска.

Стојаноска рече дека тоа и ни го кажа и францускиот амбасадор Тимоние, тоа ни го кажуваат сите, условена ни е препораката заедно со Албанија. Министерот за евроинтеграции Османи токму на тоа и требаше да делува, а не да оди и да ги снима двојазичните табли.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега