Стојанче Ангелов објасни каде ќе важи делумната забрана за движење низ шуми

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов објави статус на неговиот профил преку кој објасни за каде ќе важи делумната забрана за движење на шумите.

„СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОДНО, ШАР ПЛАНИНА, ПЕЛИСТЕР, ГАЛИЧИЦА, МАВРОВО
(Појаснување на Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на ЈП Национални шуми)
Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми.
Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.
ДЕЛУМНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА:
- Парк шумата Водно
- Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина“, напиша Ангелов.

 

24.06.2022 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега