Стоилковски: Зоран Заев знае дека губи, проѕирна е неговата игра, понудата за влада е обид сопствен спас

Зоран Заев знае дека губи, Зоран Заев ја нема довербата од граѓаните. Анкетите покажуваат дека не постои граѓанин кој што е задоволен од власта на Зоран Заев, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Проѕирна е играта на Зоран Заев. Неговиот предлог за широка влада во која што самиот тој би одбрал кој да раководи со ВМРО-ДПМНЕ, е најголемиот показател за разнишаната власт. Овој негов предлог е единствено за спас на неговата кариера. Обид за спас и бегство од правдата. Предлог – сламка за спас на неговата политичка кариера. Оркестрираното делување со некои поранешни министри, кои што повеќе не се во ВМРО-ДПМНЕ е факт дека Заев стои зад различните иницијативи создадени со цел да му го прикријат стравот. Но му се трошат коалициите. Предлогот на Заев за широка влада, но по негова волја за партнер во ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа и откако беше присилен од јавноста и меѓународниот фактор да го затвори оној чие што место сега го зазема, со намера да управува како со марионети со оние кои што треба да му одработат само и само за лична корист. Кусо траеше театарот, па од вештачки креираната радост за наводно мнозинство во Собранието, дојдоа молби за широка Влада. Јасно е како бел ден. Заев знае дека ПАЃА, граѓаните не го поддржуваат, анкетите покажуваат дека со него паѓаат и министерот за корупција и министерот за ширење зараза, и министерката за бришење на историјата од образованието, и министерот за неправда и политички прогон, истакна Стоилковски.

Едно треба да е јасно ВМРО-ДПМНЕ нема да прави пакт со криминал и со криминалци. Ќе бидете поразени, a потоа ќе одговарате, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега