Стоилковски за новите снимки за Рекет: Власта сака да се „испере" од одговорноста

Одговорајќи на новинарски прашања, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во врска со објавените снимки на Јутјуб на кои наводно се слуша гласот на Орце Камчев, истакна дека се работи за уште едно бледо сценарио на власта да се испере, како што вели тој, од вината за случајот Рекет.

- Ова е само уште еден од притисоците и уште еден од начините на власта за да се испере себеси во судскиот процес Рекет и да се затскрие себеси. Во Рекет се работи за човек на кој цела Влада и обвинителката и обвинетата му беа на неговото крунисување, така што се што се презема сега е само во насока на власта да може да изврши притисок врз главниот сведок, а можеби и оштетен за да може да се затскрие себеси и нивната улога во оваа афера, одговори Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега