Стоилковски: Владата на Заев им даде 30-годишна концесија на фирмата на бате Вице и бате Трајче

Според одлуката на владата на 6 октомври, Еленица, семејната компанија за цигли на Трајче Заев, на Вице Заев и на Катерина Бојовиќ Заева, доби концесија на цели 30 години за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „Раборци“ во струмичко, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Внимавајте, владата на Заев, им дава концесија на фирмата на бате Вице и на бате Трајче. Концесија за руда за следните цели 30 години, на семејната фирма на Заев. Ова е конфликт на интереси и класична злоупотреба, ова е класична приватизација на владата и на државните ресурси, целосна неетичност во водењето политики. Ова е безобразно. Ако антикорупционерите тука не видат конфликт и злоупотреба, ако не гледаат влијание, и ако за ова ДКСК остане сокриена зад недоречености, тогаш слободно Антикорупциска нека се самораспушти. Додека Заев се закануваше дека ќе ги остави малите компании да згаснат во кризата и дека нема намера да им помогне, истовремено со одлука на неговата влада непречено ги помага фирмите на Бате Вице. Ете затоа е мафија!, вели Стоилковски.

Тој додава дека ова не е прв пат Заев да ја форсира фирмата на бате Вице и бате Трајче- компанија со годишни обрти од над 5 милиони евра. Еленица се најде во скандал од 220.000 евра пари од Фондот за иновации, годинава Еленица зема пари- државна помош од 841.000 денари за минимални плати за работниците, а сега Заев обезбеди 30 годишна концесија за минерални суровини.

-Бате Вице врти милиони со фирмите само и само заради Зоран Заев! Во Македонија со Заев, нема фонд, нема помош, нема концесија за никого, освен за фирмите на бате Вице и на мафијата на власт, потенцира Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега