Стоилковски: СДСМ просечно му скрати по 2.800 денари на секој пензионер

Македонија не памети поголеми политички манипулатори од актуелната власт. Замислете ги убедуваат пензионерите дека им ги зголемувале пензиите! За колку? За 185 денари и уште пострашно оние најзагрозените добиваат плус 134 денари! И тоа се дува на сите нивни фанфари! 

Ова денеска го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во „Коментар на денот“. Според него, не постои срам кога станува збор за, како што рече, монструозните политички поени на СДСМ.

-Јагода Шахпаска како ниеден министер до сега за труд и социјална политика, ја навреди интелигенцијата на над 310.000 пензионери, со раст на пензии од неполни 200 денари. И тоа во моменти кога речиси 55.000 работници останаа на улица заради блескавата економија на СДС, и на многу семејства пензиите им се единствениот извор за преживување. Всушност, СДС ја намали пресметката за пензии со тоа што наместо растот на пензиите да ги следи растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, направи пензиите да се усогласуваат само по растот на трошоците на живот минатите месеци, па сега всушност пензиите се усогласуваат со цените од пред шест месеци. Срамно, рече Стоилковски.

Според него, пресметката вели дека поради тоа што има раст на просечната плата власта му скратила по 2.800 денари на секој пензионер просечно.

-Ајде тоа да го помножиме по 12 месеци, а потоа по 310.000 пензионери, па трака ќе добиете сума од 10 милијарди 416 милиони денари, или за полесно, речиси 170 милиони евра за една година! Ете толку СДС монструозно им скрати на пензионерите! СДС монструозно на пензионерите им скрати 10,5 милијарди денари за една година, а ги залажува со 134 денари, раст на пензиите. Фактите и бројките се немилосрдни, дури и понемилосрдни од СДС! Секогаш кога се на власт удираат по џебот на граѓаните, особено на пензионерите, и намерно ги туркаат кон сиромаштија. Зошто? За наместо реален достоинствен живот, да ги редат пред банките и да ги понижуваат за онаа наводна помош во време на криза! Пензионерите знаат дека тоа не е помош, туку само дел од украдените пари од нив, рече Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа