Стоилковски: Наместо брана и жичара, Бочварски во Штип изгради приватна зграда

Зад мене е препораката за Благој Бочварски да стане нов министер за транспорт и врски во Македонија. Во тригодишниот мандат оваа приватна зграда зад мене е единствениот објект кој што Бочварски го изгради во Штип, истакна денеска на прес-конференција портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Вели дека не се исполнети ветувањата кој ги на локалните избори ги дал поранешниот градначалник на Штип, а актуелен министер за транспорт и врски.

-Ја нема браната на Отиња, ја нема жичницата, нема гасификација, нема реализирани ниту еден капитален проект во Штип, ама затоа има приватен станбен комплекс. Од оваа единствена градба на Бочварски, наместо Штип и Штипјани, корист доби само семејството на Бочварски. Имено, реализатори на оваа станбена зграда се токму семејните фирми на Бочварски. По теркот на феудалецот Заев, за Бочварски е природно е семејните компании – Пелагонија Инжинеринг и Техноинвест, да бидат вклучени во најголемиот дел од тендерите на локалните институции, да бидат изведувачи и подизведувачи на секој втор урбанистички зафат во општината. Цели  три години  Бочварски наместо за Штип се грижеше за тендерите и семејните бизниси. А можеше да реализира барем едно од ветувањата. Нaместо тоа на штипјани во сеќавање им ја остави оваа стамбена зграда и постерот за изградени 1000 метри асфалт, рече Стоилковски.

Вели дека доаѓа време кога наместо семејните бизниси, Штип повторно ќе биде во фокусот на на локалните власти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега